Ердоган најави можност Света Софија „да стане“ џамија по локалните избори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март.

Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Во 1935 година е претворена во музеј. „Аја Софија“ се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

МИА