Епилог од дивеењето на бугарските хулигани: Прободен навивач, нападнати полицајци, 21 приведен

Еден прободен, нападнати полицајци, искршени автомобили. Епилогот 21 уапсен, 19 од нив фанови на Левски, двајца на Шкупи. Најсериозниот инцидент беше на влезот на Чаир, каде беа нападнати автомобили со фанови на Левски, а еден од нив беше опрободен со нож.
Од Обвинителството информираа дека се почнало кога бугарските навивачки додека се движеле низ Чаир влегле во вербална расправија со случајни минувачи.
-29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Kај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба. Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, велат од ОЈО.
Бугарите пак повторно сакаат да испаднат жртви. Еден од пријателите на прободениот навивач вели дека тие само поминале низ населбата и почнале да удираат по нивните автомобили. Вината што влегле во Чаир, вели била кај полицијата.
-Ние полицајците ги прашавме на десно ли? На што тие ни одговорија, да продолжи продолжи. Токму тоа на десно е тоа што не однесе во таа населба Чаир. Сакам категорично да кажам дека македонските полицаијци видоа неколку бугарски автомобили свртеа по погрешниот пат. Сакате да кажете дека тие ве подведоа да отидете по тој пат? Јас не кажувам дека не подведоа, не кажувам дека било намерно. Ние да ги прашавме на десно ли треба, тие одговорија да, вели навивачот на Левски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пак вели дека фановите кои што организирано дошле со автобус, со полициски кордон биле однесени до стадионот.
-Сите навивачи кои што пристигнаа организирано на граничниот премин Деве Баир, од таму се преземени и во полициски кордон се однесени до самиот стадион на кој што се одржуваше натпреварот. Меѓутоа имало веројатно неколку возила кои што доаѓаат сосема неорганизирано и при поминувањето во Чаир преку одредени провокација што ја прават настанува конфликт, изјави Спасовски.
Инаку, фановите почнаа со акција на собирање пари за да се платат казните кои што македонските органи ќе им изречат на фановите кои вчера предизвикаа инциденти во Скопје.
Матеја Петровски