Епилог од акцијата во Љуботен 4 лица повикани на разговор, запленети 12 тони тутун

Денеска патот кон скопски Љуботен и влезот во селото беа под опсада на безбедносните сили на МВР. Буквално специјалци со хаубици имаше на секој чекор, хермелини, водени топови, епилог од акцијата на финансиската полиција која побарала специјалците да и асистираат само е 4 лица повикани на информативен разговор, а потоа пуштени дома. Акацијата финансиската полиција ја правда дека имале сознание за увезен тутун од странски држави преработуван и препродаван во Македонија без бандерола. Но заплената на инспекторите беше само 12 тона.

Директорот на царина акцијата ја коментираше повеќе од здравствен аспект …

Акцијата на финансиската полиција остави револт во селото, мештаните на Љуботен велат дека им се случила голема неправда и оти биле вознемирени. Велат дека производството на тутун им било единствен начин за егзистенција, труд со пот за парче леб.

Meри Ѓорѓиевска