Епидемија на морбили – три бебиња и двајца возрасни во тешка состојба

Десетмесечно бебе е во критична состоба на апарати за дишење поради компликации од морбили. Во потешка состојба се уште две деца со мали сипаници и пневмонија, а со лоша клиничка слика во Инфективната клиника има и две возрасни пациентки. На Инфективна хоспитализирани се 54 пациенти од кои 26 се деца.

-Во тек на неделното дежурство има прегледано 14 пациенти со морбили, од нив 5 се примени за болничко лекување. Примено е 2 годишно дете невакцинирано од Гостивар, четиригодишно дете од Сарај, исто така невакцинирано и 10 месецно од Радовиш со церебрална парализа. Тоа е префрлено на Детска клиника. Поставено е на механицка вентилација, а четиригодишното е во потешка состојба со респираторна слабост. Со потешка клиничка слика има и две возрасни пациентки, едната со морбили и пневмонија, а другата со морбили и ларингит како компликација.

Од епидемијата на мали сипаници не куртулија ниту здравствените работници. Досега над 100 мадицински лица – матични лекари и специјализанти во разни клиники биле заразени со морбили.

Во меѓувреме здравствените власти четири месеци размислуваат дали е неопходно да се прогласи епидемија на морбили на ниво на држава. Засега е прогласена во шест гладови, а регистрирани случаи има во 20-тина.

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за ова. Во меѓувреме, веќе три месеци на влезовите во сите болници и клиники пишува забрана за посета поради епидемијата со морбили.

Досега едно шестмесечно бебе, а две тринаесетмесечни починаа поради компликации од морбили, а се заразија околу 1000 луѓе.

Сања Трајковска Ставров