Епидемијата се шири – нови 11 случаи на морбили

Епидемијата на морбили се шири. Само викендов се регистрирани нови 11 случаи, а вкупната бројка на заболени достигна 159.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести има 26 хоспитализирани со потешка клиничка слика. Меѓу новите случаи кои се во болница се 4 бебиња помали од една година од Стајковци, Батинци, Брест и Шуто Оризари, како и две бебиња кои имаат по една година.

Од почетокот на епидемијата вкупниот број на нововакцинирани надмина 5 илјади и 500, а имунизацијата продолжува во сите центри за јавно здравје.