Епидемијата на морбили ја испразни струшката болница

Епидемијата со морбили која се шири во струшката општа болница, ја испразни оваа јавна здравствена установа. На хируршкото одделение и денес не се примаа пациенти, оние на кои им е потреба лекарска помош, велат дека со страв доаѓаат на преглед во болницата.

Бројката на заболени лица во Струга се искачи на 126, меѓу нив во моментов има 9 доктори и медициски персонал од хируршкото одделение, а други 5 заздравуваат. Заразата може сериозно да ја вложи клиничката слика на пациентите кои веќе се лекуваат во болниците и од други заболувања. Заразата се шири помеѓу докторите и пациентите. Можноста за пренесување на заразата, е взаемна.

Заменик мистерот за здравство Асим Муса кој денес беше во струшката општа болница, вели дека немало место за паника, епидемија на морбили имало и во други земји. Иако 70% од вработените биле вакцинирани, а се превземале сите мерки, сепак заразата во болницата се шири.

Комисија за хоспитални инфекции донесе одлука хируршкото одделение во струшката болница да биде затворено до 28 мај, во меѓувреме таму се врши стерилизација. Од Центарот за јавни здравје информираат дека денес нема нови случаи на заболени, нити хоспитализирани пациенти од морбили. Заболените се на домашно лекување, на инфективно само ја примале потребната терапија.

Росица Голабоска