});

Ентони Бордејн постхумно награден со шест Еми награди

Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој  се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест Еми награди за својата патеписно-готварска емисија „Непознати предели”.

Серијата беше наградена во четири категории, а самиот Бордејн доби две постхумни Емија – за сценарио за документарна програма и за информативна емисија. Токму наградата за сценарио е посебно значајна за екипата од серијата.

– Тони беше номиниран за ова Еми многупати, но никогаш не ја доби нарадата. Многу ја посакуваше. Затоа ја примам со задоволство измешано со горчина, истакна продуцентката Лидија Тенаљи.

Последните седум епизоди од шоуте ќе бидат емитувани на Си-ен-ен од 23 септември.

Ентони Бордејн изврши самоубиство на 8 јуни, на 61-годишна возраст, во Франција, каде што ја снимаше последната сезона од емисијата.