„Емисарите“ ја поздравија одлуката на собранието

Меѓународните емисари кои не убедуваа дека бугарските барања спакувани во францускиот предлог се добри и корисни за Македонија воопшто не чекаа, па откако пратениците дадоа амин за предлогот, веднаш поитаа да честитаат.

– „Денешното гласање во Собрнието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата меѓувладина сконференција следната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“ – Напиша на Твитер претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел, а слична порака на социјалните мрежи испрати и Претседателаката на европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Честитки за гласањето во Северна Македонија што го поплочува патот за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност. И вие ја зграбивте. Голем чекор на вашиот пат кон европската иднина. Вашата иднина.“ – Напиша фон дер Лајен.

Еврокомесарот за проширување на унијата, Оливер Вархеји, на Твитер порача дека очекува првата меѓувладина седница да се одржи уште во вторник.

– „Го поздравувам гласањето по неколкудневната дискусија во парламентот со што на владата и се дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог. Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција“. – Напиша Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Задоволни и во Албанија. Албанскиот премиер Рама својата радост и еуфорија ја сподели на фејсбук.

– “Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши”, напиша Рама во подолга објава на „Фејсбук“.

Но не секој во Европската Унија беше задоволен и слаткоречив.
Рајнхард Бутикофер, пратеник во европскиот парламент вели дека се срами од постојаното предавство на Македонија од страна на ЕУ. Тој смета дека пораките на претседателката на Европската комисија, Фон Дер Лајен, која завчера беше во Скопје, се само фасада за реалниот однос ЕУ кон Македонија.

„Многу ми е срам поради континуираното предавство кон Северна Македонија од страна на ЕУ. Зборовите на Фон дер Лајен не можат да бидат доволно слатки за да го премачкаат ова.“ – Напиша европратеникот.

Австриецот Џералд Кнаус, претседавач на европската иницијатива за стабилност, вели дека Македонија не е исклучок. Сите земји балкански земји се закочени на нивниот пат кон европската унија.
„Пристпаниот процес на балканските земји изгледа како автбоус без тркала, во кој македонија преку прифаќање на нови услови само се поместува понапред во редот на седишта, во автобус кој не оди никаде.“ – Напиша Кнаус.

Тој исто така додава и дека ако преговорите напредуваат со исто темпо, на Албанија ќе и бидат потребни над 30 години за да пристапи кон унијата, на Србија над 40, додека пак на Македонија ќе преговара над 400 години.

Никола Цветкоски