Елмас: Горд сум што сум Македонец!

Стрелецот на два гола во синоќешната победа на Македонија над Летонија со 3:1 – Елиф Елмас, на социјалната мрежа Фејсбук по вчерашната одлична партија напиша дека е горд што е Македонец, и го поздрави Горан Пандев, кој го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во „жолто-црвениот“ дрес.

Елмас влезе во игра во 23-тата минута на местото на повредениот Ферхан Хасани и во 29-тата веќе реализира за 2:0, а во судиското продолжение ги потврди трите бода за нашата селекција со одличен гол, кој денеска се врти по социјалните мрежи ширум Европа.

„Гранде Пандев! Горд сум што сум Македонец“, напиша Елмас.