„Експресна” реконструкција на скопските коловози

Сообраќаен метеж на регионалниот пат „Јадранска магистрала”, кај Визбегово. Возачи долго време чекаат да се пробијат на коловозот кој речиси еден месец се реконструира. Градежните работи на потегот од Словенечка кон Момин поток, се одвиваат со бавно темпо. Улицата е затворена во една насока, а возилата ги контролира монтажен семафор.

Активностите почнаа пред три недели, а од она што може да се види на терен, реализирани се само неколку метри.

Возачите се нервозни зашто се мора да чекаат долго време за да се пробијат. Велат дека работниците повеќе време одмораат, отколку што работат.

Дел од работниците кои денеска беа на терен за Алфа велат дека се работело на проширување на коловозот. Кога целосно ќе биде завршен – не знаат. Велат тука се само да работат, а точната динамика ја знаеле нивните претпоставени.

Градежните работи се одвиваат со слаба динамика, а токму овде на регионалниот пат „Јадранска магистрала”, кај Визбегово се создава голем метеж. Возачите се нервозни, и апелираат до властите час поскоро работите да се придвижат.

Првиот човек на ЈП за државни патишта рече дека реконструкцијата на „Јадранска магистрала”, не била во нивна надлежност и упатија на локалната власт:

Оваа магистрала е една од најфрекфентните во метрополата, не само поради индустриската зона Визбегово каде работат стотина компании, туку и поради тоа што е главна артерија кон Косово. Планот е магистралата да се прошири, а во иднина и да се изгради автопат кон Блаце. Од косовска страна автопатот кон Приштина е веќе готов и деновиве според најавите треба и официјално да биде пуштен во употреба.

Борис Грујоски