Експлозија на боца причина за пожарот на „Јордан Мијалков” во кој загина едно лице

Тројца скопјани се повредени, а едно 25-годишно момче почина во пожарот што попладнево се случи во сервисот за мотори Тјунинг на улица „Јордан Мијалков”.

Според информациите од полицијата до кои дојде Алфа, додека вработените правеле сервис на мотор, во еден момент експлодирала плинска боца. На самото место починало едно лице, а тројца се повредени меѓу кои и сопственикот на севисот. Полиција врши убид на местото ан несреќата