Експлозија и истрели во главниот град на Кенија

Две експлозии и истрели се регистрирани денеска во луксузен кварт во главниот град на Кенија, Најроби.

Засегнати се во луксузниот хотел Дусит и бизнис зграда. Локалната телевизија објави инсерти од чад што се издига над реонот.

Експлозијата се слушнала во радиус од пет километри. Засега не е јасно за каков тип напад станува збор. Опожарени се неколку автомобили. Полицијата го опколи реонот на нападот.