Експлозија во центарот на Париз, најмалку 36 лица повредени, 12 се борат за живот

Најмалку 36 лица се повредени, а 12 од нив се борат за живот. Меѓу повредените има и тројца пожарникари кои интервенирале во гасењето на пожарот, во експлозија центарот на француската престолнина Париз.

Веднаш по експлозијата местото го посети министерот за внатрешни работи на Франција Кристофер Кастанер, изјавувајќи дека билансот од експлозијата е тежок.

Како што наведе тој, причина за експлозијата најверојатно било истекување на гас во пекара која се наоѓа во центарот на градот. Според неговите зборови првите индикации укажуваат дека се работи за несреќен случај, потенцирајќи дека не постојат нови опасности за експлозија.