Експерти: ништо не е завршено, на Македонија можеби веќе и се подготвува нов погубен предлог

Гласното „не“ на власта очигледно не значеше не и за европските лидери, а Францускиот предлог останува жив. Експертската јавност гласно коментира дека она што премиерот Димитар Ковачевски го одби во Брисел, не значеше и целосно отфрлање на францускиот предлог, кој унапреден со уште ноци четири бугарски барања стана преговарачка рамка за македонските интеграции. Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во изјава за Алфа вели дека пораката на Ковачевски е двосмислена, па не се исклучува можноста да имаме нова верзија на предлогот уште по погубна од оваа што сега е испорачана, а истата да ја прифати власта.

-Очигледно е дека францускиот предлог е се уште жив, според она што го зборува министерот за надворешни работи, а со то и не-то на ова власт не е не. Тоа укажува не само нефункционалност туку и некоординираност на тие кои ја креираат надворешната политика – претседателот, министерот и премиерот, вели Јанкуловски.

Бурните реакции на јавноста следуваат откако шефот на македонската дипломатија Бујар Османи јавно излезе со изјава дека документот на Макрон не е одбиен и е прифатлив за Македонија, само потребни биле интервенции во одреден дел.

-Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел е решение кое што е прифатливо за нас. И знам дека има реакции по однос зошто има посебен акциски план за малцинства, за етнички заедници. Морам да кажам дека таков план има за сите земји, меѓутоа се дел од еден друг пакет. Овде е спуштен како посебен инструмент затоа што се разбира имавме две страни, мораше да се задоволи и другата страна, вели Османи.

И додека Османи и Ковачевски тактизираат каква слика ќе му претстават на македонскиот народ и како ќе им се додворат на големите европски државници, шефот на државата Стево Пендаровски никаде го нема. Без да се изјави за францускиот предлог, ставот на Пендаровски го слушнавме само во говорот на премиерот и толку. Прашавме во неговиот кабинет каков е ставот на претседателот во однос на францускиот предлог, но и дали се менува државниот став по изјавата на Османи дека францускиот предлог не бил одбиен, туку е неприфатлив во моментов. Во одговор добивме дека позицијата на Пендаровски била јасна оти за  не може да се преговара за предлог кој задира во идентитетските прашања.

-Во однос на државната позиција промени нема, но претседателот смета дека во моментов, со оглед на политичките случувања во Бугарија не би требало да се преговара со влада во оставка и со министер за надворешни работи во оставка, велат од кабинетот на Пендаровски.

Но дали ваквиот одговор од кабинетот на Пендаровски значи потврда дека работата се уште не е завршена? Ако се суди според она што Квачевски го соопшти во Брисел, тој категорично не го одби она што Макрон го испорача, туку порача дека во овој момент и во оваа форма францускиот предлог е неприфатлив…

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести