Експерти: Нема простор за паника од ширење на конго – кримска хеморагична треска
Граѓаните збунети и исплашени од вирусот конго-кримска хеморагична треска.Од Комисијата за заразни болести смируваат дека нема простор за паника. Вирусот не се пренесува преку воздух,туку исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со болест. Крлежи има многу, но не е секој крлеж заразен со вирус.Како превентивна мерка Комисијата ќе бара од Влада aкциски план за да се утврди колку често овие крлежи ги има и во кои региони се детектирани, за да се направи итна дезинсекција.
“Нема место за паника. Се работи за болест која се пренсува лесно. Пренсувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој што е заразен со вирусот. Крлежи има многу особено во летните месеци, а глобалното затоплување дополнително придонесува кон нивна поинтензивна активност. Но, не секој крлеж е заразен со некој вирус” – изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
И инфектологот Вело Марковски вели дека нема простор за паника, но предупредува на поголема внимателност, особено на медицинските лица.Но и оние кои се движат во природа.
“Мерките на Комисијата и Министерството за здравство мислам дека се соодветни.Се работи за една сериозна болест,мислам дека смртноста малку се претерува, и дека некаде е околу 20 и 35 проценти.И се работи за ендемска болест која ја имаме ,особено на Балканот” – вели д-р Вело Марковски.
Според д-р Марковски, Mакедонија е далеку од епидемија од ова вирусно заболување.Тој објаснува и дека крлежот освен хеморагична треска пренесува и други опасни болести.
Инаку, не постои специфичен лек за конго-кримската хеморагична треска. Антивирусниот лек Рибавирин се користи во терапијата, а овој лек го прима зарзената болничарка.Во моментов не постои ниту безбедна и ефикасна вакцина достапна за човечка употреба.
Ања Лукарова