Експерти : На претстојниот референдум мора да се повтори македонската сплотеност од 1991 год

Македонија се уште се бори да стане самостојна и независна држава. 31 година по прогласувањето на независност,  државава се уште зависи од странски фактори и затоа се доведуваме до ситуација со која се разнебитува македонизмот,  сметаат експертите. Според аналитичарот Ристо Никоски, токму Договорот за добрососедство е во интерес на странски фактори и ако опстои како таков се ништи македонизмот и Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ.

Ако ние не го откажеме договорот кој на еден предавнички, еден капитулански начин дека историјата со бугарија е заедничка, дека македонскиот јазик не е автохтон дека нема македонски јазик дека нема македонци во Бугарија. Ако тој договор опстане, Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ. Тоа е интересот на некои соседни земји. Наша задача е на сите тој договор што поитно да се откаже.

Според него, францускиот предлог е резултат на македонско- бугарски договор кој е само спакуван во Париз и под итно треба да се поништи и да се преговара за нов договор кој ќе е во интерес на Македонија.  Никоски ги демантира тврдењата дека има реални шанси Македонија да ги заврши преговорите до 2030.

Идеите дека ако се откаже договорот нема членство во ЕУ. Ако преговоараме за нов договор кој ќе биде реципрочен, во интерес на Македонија тогаш ќе одиме напред. Најавите на премиерот дека тоа може да биде до 2030 Македонија нема теоретски шанси бидејќи нема проширување на Унијата до тогаш.

На референдумот кој го бара опозицијата, граѓаните ќе треба да се изјаснат на прашањето  „ Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на Република Македонија и Република Бугарија “. Спроед експерите барањето за референдум е храбар потег , а  народот мора да се обедини како во 91 бидејќи е од суштинско значење за зачувување на националните интереси.