Експерти: Најавата за суспендирање на колктивните договори е погрешен потег на Владата

Погрешен потег беше најавата на Владата за суспендирање на колективните договори, сметаат експертите. Според нив, отварањето на оваа тема  најверојатно се должи на неспретност и незнаење, а истовремено можеше да  предизвика лавина социјални реакции кои би прераснале во штрајкови.  

   Не може да суспендирате колективен договори доколку немате промена на целиот трудово-правен систем во државата, а тоа не може да се случи, затоа што ние имаме обврски кон меѓународните организации, кон европските стандарди коишто сме ги веќе имплеметирале. Според мене темата е затворена, но се отвори како можеби една неспретност, незнаење или начин за да се реши ситуацијата„-изјави д-р Лазар Јовевски-проф.на Факултетот за правни науки-УКИМ.

Во меѓувреме и постапката за донесување на нов Закон за работни односи е во заложништво на политичката криза. До одреден временски период се дискутираше на оваа тема, но сега има застој во социјалниот дијалог.

Се чека оваа политичка криза што е присутна во државата да престане, да се подобрат релациите. Еве вчера слушнавме дека ЕУ бара интензивно и опозицијата да се вклучи во сите клучни законски проекти коишто значат исчекор на Македонија кон ЕУ„-смета проф.Андон Мајхошев-проф. на Правен факултет при УГД.

Суспендирањето на колективните договори како една од мерките за штедење, минатата недела предизвика бурни реакции кај синдикалците. Тие тогаш предупредија дека сите заеднички ќе се спротистават, а истовремено посочија дека со ова Владата директно се меша во работењето на синдикатите.

Александра Ристевска

Advertisements