Експерти: Македонија е зрела за предвремени избори – власта се стави во ќорсокак и попусто притиска за уставните измени

Најавите за излегување на интегративците од власта,се очајни и комични обиди на ДУИ и СДСМ да издејствуваат промена на ставот на ВМРО ДПМНЕ околу гласањето за уставните измени.Бидејќи оваа политичка криза е нерешлива,Македонија е зрела за предвремени парламентарни избори-смета универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски.Во отсуство на опипливи резултати во сите сфери на општественото живеење, власта промовира неводен прогрес во евроинтеграциите,но главна пречка им е вметнувањето на бугарите во уставот,нешто што опозицијата одбива да го направи.

 Мислам дека е губење време од страна на власта, меѓутоа тие се ставени во ќорсокак и немаат што друго да прават освен да притискаат, да се обидуваат со помош на западен фактор, со помош на амбасади,европратеници,комисии да влијаат врз главната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ-вели Жидас Даскаловски.

Препукувањата околу уставните измени,веќе ја втурнаа Македонија во политичка криза,цени поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов кој смета дека е крајно време најрелевантните политички чинители да најдат заеднички јазик во име на напредокот на целата држава,без разлика на сите пречки, подметнувања и неправди што ни ги нанесуваат нашите соседи.Филипов и политичкиот аналитичар Даскаловски имаат дијаметрално различни ставови околу тоа, дали освен уставните измени,Бугарија на маса ќе стави нови барања кои ќе го замрсам продолжувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ ?

 Сметам дека нема да има други барања,без разлика како ги нарекува опозицијата од свои лукративни причини, дека биле бугарски диктат. Тоа не е точно, тие се сега диктат на ЕУ и нам ЕУ ни диктира, затоа што ние не почнуваме преговори со Бугарија, почнуваме со ЕУ,а таму веќе нема гласања, нема вета од друг карактер.Ветото е дадено пред почнување на преговорите, кога ќе почнат преговорите веќе нема вето,вето можеме само ние сами да си дадеме –цени поранешниот амбасадот Ѓорѓи Филипов

 Таквите верувања се ветувања за мали деца,знаеме дека имаат можности,знаеме дека ќе ги искористат ако тоа мислат дека треба да го направат ,проблемот настана кога власта ги туркаше сите овие договори без да се консултира со опозицијата и со јавноста –дециден е Даскаловски

Инаку уставните измени кои што ги усвои Владата и ги испрсти во Собранието, на  пленарна седница ќе бидат на 18-ти август, но неизвесно е кога ќе се гласа за нив.Прашање е дали за внесување на бугарите во уставот, ќе има дво-третинско мнозинство.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста