Експерти: Измените на КЗ ќе ни се удрат од глава – власта ги ризикува интеграциите и стратешкото партнерство со САД

САД и ЕУ глано говорат дека Македонија треба да се бори со корупцијата, а власта си изгласа измени на закон каде на криминалците им застаруваат делата или пак им се намалуваат затворските казни. Дел од аналитичарите велат дека оваа власт само додава негативни поени на контото на Македонија за влез во Унијата. Иако Америка го стави Мерко на црна листа, тоа не ја спречи власта да си изгласа закон со кој струшкиот градоналачник , но и низа поранешни, а и идни функционери ќе кутрулат од истраги.

Синиша Пекевски за Алфа вели дека на СДСМ и ДУИ воопшто не им било вважно каква порака испраќаат за Македонија.

Они гледаат да купат уште некој месец додека се на власт и воопшто не се заинтересирани за интересите на Македонија и каков имиџ ќе испратат за Македонија. Законите што се носат со европско знаменце, а воопшто не треба да се донесат со европско знаменце ќе ни се одбијат од глава кога-тогаш. Само даваме дополнителна причина на некоја од европските членки да се однесуваат на начин што не соодејствува, но со целосно право бидејќи ние прво внатре не се почитуваме, а камо ли да бараме да се дел од заедница каде се промовира владеење на право, вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Дел од поранешните дипломати проблем гледаат не само во тоа што властите до нашите стратешки партнери испраќаат лоши пораки, туку и со овие измени на КЗ властите се чини како да не се борат со корупцијата, туку само бараат сламка за спас за себе си.

Поранешниот амбасадор во Лондон, Донев за Алфа вели дека што и да се случи со Уставот на Македонија, секогаш постои можноста, особено сега, заради корупција, некоја од членките да ни каже СТОП.

Во овој момент Р. Македонија не се разликува од некои држави во светот каде што нема владеење на правото. Едно е што дипломатите кажуваат јавно, ама тие и собираат податоци и знаат што се случува во Македонија. Амбасадите цело време тоа го работат, вели Јован Донев – поранешен амбасадор во Лондон.

Главните пораки на меѓународните “тешкаши” речиси цело време се дека Македонија треба да се бори со корупцијата. Тоа го кажа и американската амбасадорка кога ја објавија црната листа, и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски го исцрта профилот на земјите кои САД ги смета за партнери.

„САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, НАТО и на борбата против корупцијата“, порача Ескобар.

И Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин е за борба против корупција, тој вчера прашан токму за измените на КЗ, рече дека е изненаден што власта го направила ова молчешкум. ЕУ ќе сака да даде свое мислење оти Комисијата ги проверува и заштитува договорите. Но ова е голема работа, рече Сарацин.

Advertisements

Поврзани вести