Експерти за Алфа: Македонија се празни, а власта само немо посматра од височина

Власта во изминатите шест години не успеа да направи функционална држава. Па така еден проблем – раѓа друг. Македонија се празни, млади луѓе си заминуваат, а државата нема стратегија за тоа како да ги задржи. Сите економисти кои што ги консултиравме предупредуваат дека без повисоки плати за работниците, Македонија ќе стане земја на пензионери.

Државата се празни, луѓето се иселуваат, а власта само немо посматра од височина. Главната причина што младината си оди, според економистите, е што земјава е речиси нефункционална – капитални инвестиции слабо има, не се вложува во образованието, а здравството е на многу ниско ниво. Капак на се е лошата инфраструктура, односно прикрпените патишта кои со години никако да се модернизираат. Економистот Абил Бауш реагира дека поради ваквите негативни причини, имаме се помалку лидерски способности кај работниците, а за квалификуван кадар ќе дојде ден кога ќе го немаме ни за лак.
- „За жал што треба да се направи? Треба во Македонија многу да се направи. Немаме стратегија, немаме ништо, а немаме ни луѓе кои треба да работат, мора да има државата капацитет за тоа, е не само да се фалат дека инфлацијата паѓа. Да, таа се намалувам ама што добиле граѓаните? Ништо, поготово ранливата категорија граѓани. Мора да има решение на долг рок“, вели меѓу друото за Алфа, економистот Абил Бауш.

Економистите алармираат дека главно, структурата на економијата е лоша, и мора сериозно да се поработи на тоа за да не биде уште полошо. Државата е таа која мора да направи стратегија, пред се, за да ги задржи квалитетните работници дома, а не да сме сведоци како секој ден купуваат билет во еден правец.
- „Структурата на економијата е лоша. Кога велам структурата на економијата на оваа земја која е во развој, и постатистиките сме на дното кога станува збор за земјите од Западен Балкан, немаме доволно капацитети. Било кои мерки и колку и да се труди државниот апарат ефектите ќе се недоволни и спори, зошто – зашто немаме дволно механизми, немаме доволно капацитети за храна, за екергија, мора да се работи поактивно за на долг рок да се види нешто за добробиот на граѓаните кои тешко издржуваат периодов“, вели меѓу другото за Алфа економистот Синиша Наумоски.

Дека во Македонија одамна е вклучен црвениот аларм, и никој ништо не презема, предупредува и социологот Златко Жоглев. Според него, ова е алармантно предупредување дека земјава може да стане држава на пензионери.
- „Прво загуба имаме тука на материјални средсва, на човечки капитал, бидејќи во тој човечки капитал тука е вложено со децении, тоа првата работа, втората работа е демографски. Бидејќи тоа се млади луѓе кои се во фаза на репродукција или имаат деца, или се во фаза кога ќе создадат деца. Така што, тие кога ќе заминат во странство си одат сосе децата, па остануваме тука со популација која што е повозрасна“, појаснува професор д-р Златко Жоглев.

Според експретите кои постојано алармираат дека состојбата не чини, луѓето, гкавно помладите, мора да видат надеж дека може поинаку, во спротивно работите само ќе тапкаат в место. За да се случи тоа, работниците, мора да добиваат повисоки плати, ако не сакаме пред очи да ја снема Македонија.
Борис Грујоски