Експерти: Затворите се училиштата за криминал, а не места за ресоцијализација

Македонските затвори се претворени во училишта за криминал,а не во институции каде што луѓето се осудуваат заради остварување на други цели.Наместо нивна ресоцијализација, затворите стануваат места каде што се вршат недозволени дејствија-велат правните експерти,коментирајќи ја изјавата на народниот правобранител дека затворениците се жртви на нехуман и деградирачки третман.

Затворите се една од клучните институции на правдата кои се доста запоставени кај нас. Покрај институционалните промени во однос на извршувањето на санкциите, треба да се премени и односот на судиите кон тоа на кој начин се извршуваат пресудите што тие ги донесуваат-ценат експертите.

Не може судот да ја донесе пресудата и понатаму да не го интересира што се случува во затворот. Имено постојат посебни судии за извршување на санкциите кои требат да бидат стално ставени во положба на монитори на целиот процес на извршување на казната вели Владо Камбоски-академиски професор.

Во извештајот на народниот правобранител Насер Зивери стои дека затворениците живеат заедно со бубашваби и лебарки,спијат на душеци на земја, во простории со влага, кои, наместо со 8, ја делат со 16 луѓе и немаат топла вода.Министерот за правда признава дека условите во затворите се лоши.

Забелешките се сериозни, меѓутоа и ние како држава и сугестиите,препораките од страна на народниот правобранител сериозни ги анализиравме и подготвени сме да постапиме по тие забелешки рече Тупанчевски.

И додека Тупанчески уведува дека државата била подготвена радикално да ги менува состојбите, народниот правобранител заклучува дека односот на властите е игнорантски и дека  не се даваат ниту потребните пари за нормално функционирање.

Шокантни се изјавите на Зибери кој кажа дека запленитите мобилни телефони, ножеви, дрога и оружје конкретно во најголемиот затвор во државава, Идризово не ја исклучуваат можноста и за вмешаност на службените лица за внесувањето на недозволени предмети во затворската установа. Токму затворските полицајци му се пожалиле на Омбудсманот дека се соочуваат со закани и притисоци па дури обиди за влијание во нивната работа.

Росица Голабоска

Поврзани вести