Експерти: Заканите на Заев за распуштање на Владата, нема да делуваат на Брисел

Macedonia Prime Minister Zoran Zaev (L) welcomes Chancellor of Germany Angela Merkel (R) during a welcoming ceremony in front of the Government building in Skopje on September 8, 2018./ AFP PHOTO / Robert ATANASOVSKI

Категорично „НЕ“ од Бундестагот и Меркел за брз прием на Македонија во европското семејство. Германскиот парламент се прогласил за ненадлежен да расправа и бара дополнително време за резимирање за податоците за Македонија…..пренесува еминентниот весник „Зиддојче цајтунг“. Она што сега се обидува македонската влада како закана да го испрати како порака до Брисел, нема да ја промени состојбата преку ноќ, коментираат експертите. Веќе две годи трае сагата која Заев и дипломатскиот тим се обидува да го презентираат како успешна европска приказна вели за Алфа поранешниот дипломат Јован Донев.

Иако работите стануваат јасни, а Македонија ја става во подредена положба, Заев сепак следната недела ќе го користи последниот џокер за да ја убедува Меркел. Од друга страна пак премиерот индиректно им се закани на европските челници- ако не добиеме позитивен сигнал не е исклучена можност и за распуштање на Владата.

По пораката од Берлин, се поизвесно е дека ништо поразличен нема да биде ниту ставот на Франција и Холандија, кои од самиот старт се против членството на Македонија во ЕУ.

Владејачката партија во Германија пак не отстапува Македонија и Албанија да бидат дел од пакетот за почнување на преговорите. Но реалната слика говори дека Албанија е далеку од европскиот пат што доказ за тоа е негативниот извештај, но токму ова ја става Македонија во незавидна состојба по извршените задачи и менувањето на името.

Ивана Соколовиќ Најдова