Експерти: Еколошки здруженија и активисти ги злоупотребуваат странските фондови и прават дефокус од проблемите во Охрид
Дел од најгласните еколошки здруженија и граѓански активисти во земјава,злоупотребувајќи ги проектите за кои добиваат дебели пари од странски фондови,ги дефокусираат вистинските проблеми со кои се соочува Охрид, притоа пласирајќи теза дека Охрид треба да го искористи евентуалното ставање на листата на загрозени подрачја на Унеско, оти на тој начин ќе сме добиеле експертска но и финансиска поддршка. Но дека работите не стојат така,проговорија експертите. Со праќање на писма до Унеско и пласирање на полувистини, односно лаги, проблемите не се решаваат.
” Немојте Охрид да го ставате во дупка заради некакви интереси кои што не се валидни во смисол на критериумите на Унеско вклучувајќи ги тука и дивоградбите.Затоа што дивоградбите се наш национален проблем и локален, ние треба да си ги решиме, не треба никој да ни ги реши”-порачува Дејан Паноски,експерт за заштитени подрачја.
Охридските екологисти се осмелија и за прв пат отворено зборуваат за какви игри станува збор.
“После шарената револуција здружение од Скопје доби некаде околу 540.000 евра проект за активности на невладините здруженија во регионот. Притоа морам да кажам дека од тој проект со прилично голема сума на пари, ние како здружение буквално не добивме ништо.Бевме вклучени како мали партнери на друго друштво каде што одредени активности ги остваривме, но парите се трошеа на друго место”-вели Борче Стојаноски од Е.Д. “Грашница”
“Они генерално функционираат на принципот ќе создадеме проблем и врз основа на проблемот ќе добиеме пари,ништо друго.Проблемите со кои се соочуваат охриѓани секојдневно дали во стариот дел на градот или во националниот парк Галичица или во опкружувањето, крајбрежието стојат,постојат и ево веќе 30 години се зборува за тие проекти и за тие проблеми, а воопшто во пракса не гледаме резултати од тие проекти” –вели екологистот Никола Киселинов.
За ова неодамна проговори и градоначалникот на Охрид,Пецаков. Нерешени проблеми сеуште постојат и тие се горливи, но Охрид во контекст на Унеско најмногу настада заради работи кои што не се ни направени,а за кои одредени еколошки здруженија сеуште реферираат до Унеско,пласирајќи ги како закана за губење на статустот на заштитен град.
Росица Голабоска