Експерти: Дивоградбите го уништија Охрид, загрозен статусот во УНЕСКО

Атрактивните места во светот како Охрид, секогаш се трн во око на оние кои на опреден начин сакаат да профитираат и не водејќи грижа за уништувањето и девастацијата на нашето природно и културно наследство го обезличија градот со прекумерна урбанизација. Сега е многу тешко пост фестум да се интервенира во она што со децении се уништувало-силно реагираат експертите по туризам.

Надлежните наместо да замижуваат, требаше превентивно да делуваат бидејќи капацитетите на целото крајбрежје се веќе максимнално искористени, тоа е натрупано со градби, добар дел од нив и нелегални-недвосмислено порачуваат експертите.

Откако после 4 деции под капата на Унеско, се дозволи Центарот за светско наследство да бара Охрид да се стави на листата на Листата на светско наследство во опасност, Владата донесе врмена забрана за градење, легализација и носење на урабанистички решенија во охридскиот регон-рекација која што според експерите е презадоцнета.

Росица Голабоска