Експерти: Бојкотот беше гласно „НЕ“ од народот

Наместо да калкулираат, пратениците треба да го слушнат гласот на народот, кој бојкотирајќи се изјасни „против“ преспанскиот договор, смета академик Митко Маџунков, и порачува „нема иднина, без минато“.

Универзитетската професорка Наташа Котлар, посочува дека бојкотот е начин на искажување на волја, и не смее да се занемари.

Со нејзиниот став се согласува и универзитетската професорка Билјана Ванковска, која вели дека никој не треба да се обидува да ги проблематизира работите, оти народот не дозволи да биде изманипулиран, и одлучи „да не се самоукине“.

Универзитетските професори велат дека Македонците одамна се одлучиле за Европа, што не е спорно, туку бојкотот е дефинитивно отфрлање на „договореното“ со Грците.

Сања Т. Ставров