Експертите обединети: Итни предвремни изботи под будно око оти власта е спремна на сѐ

Единствениот излез од ќорсокакот во кој се најде Македонија се предвремени парламентарни избори. Повеќе експерти и политички аналитичари се на ставот дека избори како главно барање на опозицискиот политички блок во Македонија е оправдано бидејќи државата запаѓа во длабока политичка криза откако поддршка за уставните измени не дадoa 2/3 од пратениците.

  • Единствената работа на владејачките партии во моментов е да останат на власт што е можно подолго, т.е. до редовните парламентарни избори: Што може да се очекува? Може да се очекува уште подлабока политичка криза, а гледаме и дека за економската криза премногу малку се говори, иако таа не да е длабоко навлезена во македонското опшстество, туку секојдневно се повеќе и повеќе се зголемува, преку зголемување на даноците и преку енормното зголемување на цените на продуктите“, изјави Пекевски.

Според  поранешниот министер Хајредини, не беше потребно да се чека фијаското со уставните измени, туку Македонија веќе одамна беше зрела за предвремни избори, затоа што освен граѓаните и Европската унија и САД тешко се справуваат со оваа власт.

Дел од аналитичарите точно укажуваат на датумите кога македонските граѓани требаше да излезат на гласање.

  • „Потребата од предвремени избори беше уште после локалните избори, кога се виде дека владата, односно власта го изгуби легитимитетот Втор момент кога требаше да има избори е пред да го потпише Ковачевски тој така-наречен, Француски предлог, со кој што се стави Македонија во незавидна ситуација и се разбира, третиот момент кога се потребни предвремени избори е постоењето на оваа Влада кое што се сведе на убедување од една година за да се прифати тој Француски предлог, иако претходно не ја консултираше ниту стручната јавност, ниту академската јавност, ниту генерално јавноста, најмалку опозицијата, сите беа против“ – додава Божиновски.

Вакумот во кој во моментов се наоѓа Македонија, и според Ивица Боцевски може да се реши само со предвремени парламентарни избори. Потенцира дека сите ставови со кои владејачкото мнозинство се служи се неиздржани.

  • Во моментов се наоѓаме во една ситуација на една небиднина, секој нареден ден за власта е губење значително на гласови, начинот на кој тие го оправдуваат ова, наводно дека некој е против ЕУ – не држи. Затоа што многу е јасно дека во Македонија не постои ниту една политичка сила која ја спори европската интеграција. И мора да се оди на предвремени избори. Сигурен сум дека после изборите нема да дојдат ангели небесни на власт, но барем ќе заврши овој кошмар кој почна со објавувањето на првата бомба на Зоран Заев“ вели Боцевски.

Иако по секоја логика, во услови на политичка криза, како сегашната, излезот се бара во предвремени избори, тоа не е случај во Македонија. Власта сега по секоја цена бега од предвремени избори и купува време зашто е потоната во корупција, сметаат аналитичарите. Па од тука, порачуваат под будно око треба да се организираат избори бидејќи ќе се користат сите механизми да се задржи власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста