Ексградоначалникот на Карпош Стефан Богоев официјално е нов директор на царина

Ексградоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев од денеска официјално е нов директор на царинската управа. Богоев, кој е и потпретседател на СДСМ, доаѓа на директорската функција на местото на Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години. На локалните избори во 2017 тој беше избран за градоначалник на Општина Карпош. На изборите во 2021 не влезе во трката за втор мандат. Богоев беше избран за пратеник во собранието на изборите во 2014, а реизбран беше и во 2016.

Advertisements