Екоцид – лесно да се препознае, но дали ќе се казнува?

Доживотна или најмалку десет години казна затвор за долготрајно и широкораспространето загадување на животната средина – ова  ќе биде новото кривично дело Екоцид доколку се усвои актуелниот предлог текст на новиот Кривичен законик.

По презентирањето на Предлог –законското решение се наметна прашањето: Дали ќе се спроведе еколошката правда или повторно ќе остане само како проформа ? Екологистите коментираат дека е добро законско решение, но стравуваат дека нема да се спроведува поради  високата корупција во државава и селективната правда како во останатите кривични дела .  Честопати чинител на  Екоцид е самата држава  што дозволува одредени компании да работат надвор од нормите, и прашањето е кој ќе ги казни нив. Се уште останува горлива тема проблемот со големите загадувачи за кои има решение , но нема политичка волја

И други кривични дела не се спроведуваат како што треба поради високото ниво на корупција, прашањето е дали овој нов Закон ќе се спроведува целокупно или селективно иако сметам дека е добар, ме плаши дека ќе остане само како форма.  До ден денес не е казнет ниту еден загадувач што зафгадува повеќе, казнет е само еден супермаркет во Гевгелија на кој му истекувала вода од фрижидер, толку е еколошката правда, вели Адријанит Џафери, екологист од Тетово.

За слабата еколошка правда во Македонија говорат и податоците од Државна статистика. Во 2021 година за кривични дела против животната средина и природата само две лица добиле затворски казни од кои едната за узурпација на недвижност, а другата за незаконски риболов. 

Со  кривичното дело Екоцид, Оној што ќе предизвика „сериозна опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот и животинскиот свет во поголеми размери, или на ретки видови на рљастенија или животни ќе се казни со затвор од три до десет години.

Новото кривично дело „Екоцид “ може да се види во речиси во секој град во државава.  Според Екологистите, оваа предлог верзија на Законот ќе има  психолошко дејство кај луѓето и до некој степен ќе ја подигне свеста но сепак остануваат главните проблеми.  Државата треба навистина да потегне по главните загадувачи и да  работи на повеќе полиња во смисла на едукација и решавање на децениските проблеми

Сметам дека законот ќе има превентивно дејство, но треба да има поголеми едукативни работилници од мали нозе, уште од 7-8 годишна возраст да се работи со децата на подигање на еколошката свест. Екоцид во Охрид е депонијата мауцкер која е на самиот влез на градот . Со години ли не се успеа да се најде решение и механизација да се отвори една дупка и да се тргне ѓубрето од влезот на градот ? , вели Сашо Кироски од здружението „Енхелеус Лихнид“ од Охрид.

Доколку се прифати оваа верзија на предлог-законот за заштита на животната средина , освен Екоцид, има и други измени и допрецизирања низ целата глава 25, а тоа се  Кривични дела против животната средина и природата, и тоа од уништување насади со употреба на штетна материја, узурпација и бесправно градење на простор што е природна реткост или под приврмена заштита, па се до промена на воден режим, пустошење шума, незаконит лов и риболов, како и загрозување на животната средина и природата со отпад.

Кристина Алексиеска