Економските министри се правдаат, за одговорност се чека договор Заев Ахмети

Реформата во економскиот сектор се поизвесна. По изјавите на вицепремиерот Бујар Османи дека треба да се зајакне економијата, молкот од СДСМ го скрши министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски кој призна дека неговите колеги потфрлиле.Ваквите изјави на министерот Манчевски можат да се толкуваат како старт на т.н. “blame game” односно барање на виновници кај другите за колективните неуспеси на целата Владата во првиот ешалон на власта поради најавената чистка. Сепак Манчевски не стравува за својата позиција, во два наврати истакна дека таа одлука ја носел премиерот, а тимот во минситерството со кое тој раководи го давал својот максимум.
Првиот гласноговорник за промени во економскиот сектор беше вицепремиерот Османи кој два дена по ред ја потенцира потребата од зајакнување на економскиот сектор кој досега беше во сенка на политиката:Извори за Алфа коментираат дека во власта веќе има и отворен судир околу тоа кој ќе мора да си оди. Дали министерот за економија Бектеши кој е токму од ДУИ, или пак некој од кадерите на СДСМ Тевдовски, Сугарески или Анѓушев. Сепак министрите од економскиот сектор велат дека се релаксирани по ова прашање, оти си ја вршеле работата како што треба, а и премиерот ќе ја донел одлуката за метлата.За обелоденување на имињата на црната листа на Заев каде ќе заигра метлата остануваат уште десетина дена, а до тогаш треба да се сретне со првиот човек на интегративците за да одлучат кои министри ќе ја загубат својата фотлја. Состанокот меѓу коалициските партнери се уште не се случил, иако пред два дена се сретнале Заев и Ахмети, но според изјавите на сопартијците на ДУИ, немало разговор за чистката.Најавите за метла на Заев уште во старт наидоа на нож во ДУИ од каде реагираа дека тие одговарале само пред нивниот лидер Ахмети. Во меѓувреме Заев продолжува да размислува и да се консултира за кој ќе биде сменет, а напомена и дека смена на подолните ешалони, односно директори на јавни претпријатија може да се очекува кон крајот на јуни.

Мери Ѓорѓиевска