Економијата пред колапс –  Бројот на нови компании преполовен во однос на лани

Во Македонија се отвораат се помалку фирми. Во октомври и ноември годинава бројот на ново основани компании е двојно помал во споредба со истиот период лани. Регистрирани биле само 1.192 правни субјекти.

Лошата економска слика се препознава и во податоците дека во овие месеци клуч на врата ставиле 707 компании, за разлика од лани  кога затвориле 634 компании.

Според експертите допрва не очекува лоша економска клима.  Малите компании одлучуваат да затворат бидејќи не можат да ја издржат економската ситуација, високите цени на влезните материјали, покачената електрична енергија. Статистиката говори дека  веќе затворија 5000 компании во првите шест месеци од годинава, а само во октомври годинава затворени се 339 правни субјекти, за разлика од истиот период минатата година кога згаснале 264 компании . 

Ако не обезбедиме доволно за стопанството, ако не обезбедиме за да преживеат , 7000 компании веќе дека не работат, што можеме да очекуваме со овие цени, дека ќе се отворат некои нови компании ? Нема економска база за да се отвораат нови компании во време на скапа енергија, вели Константин Димитров, енергетски експерт.

Дополнително,  од наредната година 50 илјади комании веќе нема да можат да користат даночно ослободување за плаќање данок на приход до три милиони денари. Бизнисите со вкупен приход до 6 милиони сега ќе бираат или да платат 10 отсто данок на добивка или пак 1 отсто од вкупниот приход. На измените реагираа и стопанските комори, и бизнисите,дека даночните измени  ќе ги затворат  малите  бизниси, а од друга страна ќе ја стимулираат сивата економија.

Кристина Алексиеска

Advertisements