Еколошка катастрофа им се заканува на скопјани: во недозволена зона околу Рашче се излеваат фекалии

Над половина милион жители на Скопје може да останат без чиста вода за пиење. На само неколку километри од изворите Рашче од кои се снабдува главниот град, се излева фекална канализација. Жителите од селото предупредуваат – се заканува еколошка катастрофа, а надлежните не преземаат ништо.

“Ова е филтерната станица од селото Рашче, значи не е функционална. Најтрагично е што на два метри поминува водата што оди за цело Скопје од изворот Рашче” – изјави Феми Дураку жител на Расче.

Мештаните се загрижени и револтирани,велат срамота е во 21 век да молат за да се направи канализација.

Цело Скопје пие вода од нашето село Рашче како изворно место дефинитивно ништо не е направено. Канализацијата во Рашче не е функционална, прво нашата не е функционална а што е најлошото – ни додаваат уште една канализација во другото село. Не сме ние против село Копаница да си помине каналзиацијата низ нашето село. Не е направен проектот како што треба. Не функционира ништо.Да видите кај се истури цела канализација…по нивите тука ќе има епидемија за кратко време” вели Феми Дураку жител на Рашче.

Мештаните се жалат дека деценскиот проблем досега никој не им го решил, а најголем виновник за тоа е актуелниот градоначалник Блерим Беџети кој што им ветувал, но ништо не направил.

Бараме од градоначалникот Блерим Беџети што ни вети дека треба да има филтерна станица на излезот на с.Копаница и да се извади приклучокот, за нашата канализација да оди директно во Вардар самата цевка. Не да биде заедно со нашата, зошто нашата цефка нема да издржи. Од општината ни викаат дека нема да биде направено коритото тука, немало пари за тоа  – Мухамед Дураку жител на село Рашче.

Инаку, на изворите Рашче им се заканува и друга опасност, од другата страна на планината. Минатата година кал и отпад измешанисо тешки метали беа исфрлани непосредно до заштитната зона на изворите Рашче, во близина на Јегуновце. Алфа со недели предупредуваше на опасноста, но надлежните ни тогаш не преземаа ништо.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста