Еколошка катастрофа: Во Маркова река наместо вода, тече исцедок од ѓубрето во Дрисла
Наместо вода во Маркова река тече исцедок од езерото од депонијата Дрисла. Сених Браховиќ од селото Батинци за вели дека страшна смрдеа се шири околу реката и дека е неподносливо да се живее покрај неа.На социјалните мрежи од вчера кружи видео во кое се гледа дека во Маркова река тече црна течност. Сенад објаснува дека ова не е прв и единствен случај, се случува секое утро после дожд.Селаните од Батинци револтирани минатиот месец имале и протести. Велат дека ќе продолжат да прават притисок на јавноста за проблемот со реката. Браховиќ вели дека денес дополнителен проблем им е и смрдеата која се шири од пожарот во Дрисла.
КАТЕГОРИИ Скопје