});

Еквадор: Лондон даде доволно гаранции за Асанж да ја напушти Амбасадата

Претседателот на Еквадор Ленин Морато изјави денеска дека Велика Британија понудила доволно гаранции дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да биде испорачан на некоја земја, каде би му се заканувала смртна казна.

– Патот е отворен за Асанж да донесе одлука да замине, изјави Морено во радио интервју.

Тој посочи дека британската Влада дала писмени гаранции дека нема да го екстрадира Асанж, кој од 2012 година живее во еквадорската амбасада во Лондон, на некоја земја каде може да биде соочен со смртна казна.

Морато не соопшти дали на Асанж ќе се врши притисок да ја напушти Амабсадата, но рече дека правен тим ги разгледува следните чекори.

Асанж, но и дел од американските влијателни медиуми, тврдат дека САД поднеле тајно обвинение против него поради откривање на доверливи инфоррмации на сајтот на Викиликс.