Еквадорска судијка пресуди дека Асанж мора да се придржува кон новите правила во Амбасадата

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж мора да се придржува кон новите правила кои му ги пропиша Амбасадата на Еквадор во Лондон, одлучи еквадорската судијка Карина Мартинез после видеоконференциско сослушување на Асанж.

Мартинез ја донесе оваа одлука по повод жалбата што ја поднесе Асанж, тврдејќи дека новите правила имаат за цел да го избркаат од Амбасадата и да му го укинат азилот.

Според новите правила, Асанж мора да плати за интернет и перење веш, лекарски и телефонски сметки, и да чисти по неговата мачка во Амбасадата, во која живее веќе шест години.

Асанж на видеоконференциското сослушување пред судијката Мартинез да ја донесе одлуката, изјави дека Еквадор се обидува да го укине неговиот азил во Амбасадата во Лондон и да го предаде на САД.

Асанж на сослушувањето истакна дека претседателот на Еквадор Ленин Морено веќе одлучил да му го укине азилот, но оти се уште официјално не дал наредба.

Салвадор минатата недела изјави дека Асанж е добредојден да остане во Амбасадата под нови правила, и оти британските власти во август му ветиле дека Асанж нема да биде екстрадиран доколку ја напушти Амбасадата.

Вработените во еквадорската Амбасада се жалеле дека Асанж возел скејтборд во ходниците на Амбасадата, играл фудбал на тревникот и оти безобразно се однесувал кон обезбедувањето.