Едно од 10 домаќинства во САД има проблем за храна, Белата куќа и експерти бараат решение

Тешко е да се гледа гладот во најбогатата нација во светот. Во моментов девет милиони американски деца се соочуваат со глад, изјави Бајден во Белата куќа на конференцијата по 50 години, и тоа е голема работа.

„Само минатата недела во Обединетите нации, зборував за обврските што ги преземаме за да се справиме со несигурноста на храната ширум светот. Затоа што во секоја земја во светот и секоја држава во оваа земја, без разлика на расличностите, ако родителот не може да го нахрани детето, ништо друго не му е важно на тој родител. Ако го погледнете вашето дете и не можете да го нахраните вашето дете, што по ѓаволите друго е важно?, рече американскиот претседател Бајден.

Гладот е глобален феномен, а САД се тешко погодени. Најновиот глобален индекс за безбедност на храната ги рангира САД на 13-то место во светот. Финска, од друга страна, е на врвот на индексот, додека Сирија и Хаити се на последно место.

Конференцијата на Бајден ја поставува амбициозната цел за ставање крај на гладот и намалување на болестите поврзани со исхраната во САД до 2030 година. Во средата, тој објави 8 милијарди долари за обврските од јавниот и приватниот сектор, а исто така планира да го зголеми пристапот до бесплатни училишни оброци и да ја прошири програмата за владини бенефиции за децата и семејствата.

Финансирањето од Конгресот е далеку од сигурно. Републиканците обично се залагаат за невладини средства за справување со општествените проблеми. Дури и поборниците за глад забележуваат дека Вашингтон не може сам.

„Ќе кажам дека е многу амбициозна цел да се стави крај на гладот до 2030 година. Има многу работи што владата може да ги направи. Но, навистина треба да биде заеднички напор на федералната влада, државната влада, локалната власт, корпорациите, филантропијата и целото граѓанско општество за да се направи ова“, вели Норин Спрингстед од невладината „Зошто глад“.

Предизвиците ги надминуваат границите. Несигурноста околу храната дополнително се зголеми за време на пандемијата и по руската инвазија на Украина.

„Пандемијата и војната против Украина ни покажаа дека глобалните синџири на снабдување се многу кревки и дека ако сме целосно зависни од нив, се ставаме во ризик. А она што ни треба е повеќе инвестиции од владите и приватниот сектор и регионалните и локални синџири на снабдување“, вели Даниел Ниренберг од невладината „Фуд Тенк“.

Спрингстед вели дека поевтинување на храната е само дел од предизвикот.

„Економската правда навистина мора да биде столб и да ја зголеми минималната плата на основа на платите низ целата земја, бидејќи таа може да варира во зависност од тоа каде живеете. Значи, тоа е број еден“, вели таа.

И, барем за еден ден, Вашингтон се фокусираше на гладот во време на вртоглавиот раст на цените на храната.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

Advertisements