„Една може!“ организира бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени

Организацијата на еднородителски семејства „Една може!“ и социјалното претпријатие „Една прави!“ ќе спроведуваат бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени.

Од тимот на „Една може!“ ги повикуваат сите жени и девојки кои се дел од дискриминирани, малцински и ранливи групи како самохрани мајки, жртви на семејно насилство, девојчиња од еднородителски семејства, жени и девојки од верски или етнички малцинства, како и сите активистки, блогерки и инфлуенсерки кои се борат за родова еднаквост, да учествуваат во работилницата.

Целта на работилницата е зајакнување на учесничките и стекнување со знаење и вештини од областа на претприемништвото.

– Ги каниме и сите заинтересирани, а искусни претприемачки, да се пријават за менторки на оваа тренинг школа и да ги споделат своите професионални капацитети со избраните учеснички, велат од тимот на „Една може!“.