Една година од апсењата за собраниските настани од 27 април

 

Една година од апсењата за собраниските настани од 27 април. По повод овој настан кој опозицијата го нарече конструиран процес за измислен тероризам – во среда ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на улица. Симболично на истиот ден, една година подоцна ќе започне и новиот циклус на антивладини протести.

Во меѓувреме според последниот извештај на Хелсиншки комитет притворените за 27 април биле целосно оставани без храна и вода и по неколку денови, а имало и други повреди на постапката и на правата на обвинетите. Според извештајот забележан бил и нехуман третман поради тоа што рочиштата траеја и по дванаесет часа.

За нечовечки третман претходно реагираа  и од Коалицијата “Сите за правично судење”, но и адвокатите на притворените.

По вчерашниот неуспешен обид да се состане телото за помирување, се очекува оваа недела членовите со испеглани ставови конечно да седнат на маса и да разговараат за прашањето за кое јавноста очекува одговори -односно нов закон за амнестија.

  • Јас искрено очекувам да се приклучат и пратениците од ВМРО ДПМНЕ, вели Хари Локвенец.

Од СДСМ очекуваат состаноците на телото да се одвиваат според однапред утврдена динамика.