Една вистина за Ковачевски, друга реалност: Судството крахира комплетно, премиерот не убедува дека е независно и Владата му помогнала да се унапреди

Една вистина за сите сосем друга за власта и премиерот Димитар Ковачевски. Тој верува дека судството е независно, а Владата му помогнала да ја унапреди својата работа. Сепак во ова му веруваат изгледа само осум проценти, колку е што катастрофалната доверба која ја има судскиот систем. А преку извештаите од меѓународниот фактор се гледа спротивната слика далеку од розевата на Ковачевски. Амбасадорката на САД во заминување Кејт Мари Брнз, во повеќе наврати ни порача дека ни е потребна уште многу работа во овој сегмент.  

-Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира, изјави Кејт Мари Брнз.

Истата порака ни стигнува и од новата амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер. Таа кога ја бараше довербата од Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат за да биде амбасадор во Македонија, потенцише дека еден од најголемите приорети ќе и бидат судските реформи и борбата против корупцијата.

-Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност, да ги истражат наводите за злоупотреби и одлучно да се спротивстават на корупцијата, за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето, изјави Анџела Прајс Агелер.

Судството и корупцијата најниска оценка имаат и според извештаите на Фридом Хаус.

-На скалата од еден до седум, каде што еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Северна Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, а 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти, ни оцени Фридом Хаус.

Она што е најголемата болка во судството според сите извештаи се корупцијата и политичките мешања, што секако допринесуваат на довербата која граѓаните ја имаат во правосудниот систем.

Инаку во секој извештај за напредокот на Македонија, официјален Брисел секогаш забележува дека корупцијата и неспроведувањето на реформите, а истата порака ни ја испратија и од Стејт Департментот.

Матеја Петровски