Еди Рама сега ја боцна Бугарија: Поздрав од Источна Македонија, Макрон слатко се насмеа

Албанскиот премиер Еди Рама, кој заедно со срспкиот претседател Александар Вучиќ гласно ги критикуваат бугарите и ЕУ, бранејќи ги позициите на Македонија, среде Брисел ги насмеа европските лидери на сметка на Бугарија…Ако неодамна за Ковачевски кажа дека бил премиер на Западна Бугарија, сега тој срдечно се поздрави со нив со порака за поздрав од Источна Македонија

-Поздрав од Источна Македонија, изјави Рама.

Но шегата настрана. Рама, а и Вучиќ, за разлика од македонската власт не штедеа зборови на критики кон Бугарија. Така беше и во пресрет на самитот кога посебно жесток  беше албанскиот премиер, чија земја исто така е жртва на уценувачките политики на Бугарија.

-Вие сте срам и хаос, момци. Најпрво срамота е што една земја членка на НАТО – Бугарија киднапираше две држави членки на НАТО, Албанија и северна Македонија среде војна во Европа, додека 26 земји членки седат импотентно. Она што треба да направиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома. Отворен Балкан е вистински одговор во ситуацијава, додека европскиот пат ќе продолжи оти нема друга алтернатива, но европскиот дух мора да се гради во нашиот регион за да не заостане, изјави Рама.

По Бугарија удри и српскиот претседател Александар Вучиќ. Порачувајќи дека сме им биле братска земја, кажа дека време е да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, кои во моментов се уште се блокирани од страна на Бугарија.

-Ние тука дојдовме како пријатели. Верувам во европската иднина на Србија и на регионот. Но, заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за таа европска иднина и верувам дека заеднички можеме многу да направиме. Македонија, Северна Македонија за нас е братска и пријателска земја. Се што се чувствува во Скопје, го чувствуваме и ние во Белград. Ние ништо не бараме ниту очекуваме, само сакам да ги забрзаме нашите пријателски и братски односи и верувам дека и на европскиот пат и на сите останатите патишта, ќе бидеме заедно, изјави Вучиќ.

По самитот на ЕУ- Западен Балкан повторно со празни раце остануваат Македонија и Албанија. Ниту двете држави повторно не го добија датумот за старт на преговори, кој барем од нашите власти многу пати веќе добиен.

Матеја Петровски

Поврзани вести