Единственото бебе Евреин кое го преживеало холокаустот во Македонија денеска во Скопје: Имам специјална врска со овој град

Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година ќе остане запишана како една од најцрните како во македонската, така и во светската историја. Токму таа црна ноќ од Скопје, Битола и Штип, во скопскиот Монопол биле донесени над 7.000 Евреи кои тогаш биле во Македонија, до крајот на тој мрачен месец биле однесени во нивниот најголем пекол, во логорот на смртта Треблинка,од каде никој не се вратил жив.

На одбележувањето на 67 годишнината од овој, со црни букви запишан настан беше и светски познатиот израелски сликар, скулптор и дизајнер Мати Грумбер, кој е роден во Скопје само неколку дена пред кобната ноќ. Неговото име ќе остане вечно во запишано во историските учебници, како единственото бебе кое го преживеало холокаустот во Македонија.

-Имам специјална врска со Скопје, јас сум роден во Скопје на четври март 1943 годинба. На 11 март Евреите од Македонија беа донесени тука во Монополот и тука однесени во Треблинка, од каде никој не се врати, изјави Грумбер.

Тој бил роден во млин на неколку километри од Скопје, каде тогаш работел неговиот татко, кој бил инженер. Тој раскажа и за миговите кои ги поминал таму.

-Моите сеќавања до овој млин се од тригодишна возраст. Се сеќавам што се случуваше, имаше таму Партизани. Бев како маскота за нив, ме носеа со нив. Јас бев среќно момче, изјави Мати Грумбер.

Во 1948 година тој заедно со своите родители и уште 3.500 Евреи од Југославија заминува за Израел, каде започнал сосем нов живот. Таму пак дошла писателка која пишувала за Евреите од Македонија, а покрај неговите родители, интервјуиран бил и тој, кога и ја сфатил својата важност во историјата.

-Таа напиша за мене цела страна, јас прашав зошто за мене, моите родители се херои кои преживеале и таа ми кажа не знаеш колку си важен. Јас бев единственото бебе што го преживеало холокаустот тука, изјави Грумбер.

Единственото бебе родено во Скопје, кое преживеало холокаустот, сега како 76 годишен господин вели дека Македонија се уште ја чувствува како свој дом. Свежо цвеќе пред споменикот на депортираните македонски Евреи положија голем број македонски и странски делегации.

Матеја Петровски