Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Едни лице загина а петмина други се тешко повредени во сообраќајка што се случи утрово околу 1 часот и 25 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на манастирот „Св.Еразмо“.

Несреќата се случила кога товарното моторно возило „Мерцедес“ кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Подмолје, со предната лева страна удрило во патничкиот автомобил „Фиат Пунто“ управувано од сега починатиот,при што товарното возило излетало на левата страна од патот.На лице место,на здобиените повреди им подлегнал возачот на автомобилот, 38 годишниот Денис Рахман од Охрид.Неговите четворица сопатници,сите од Охрид, меѓу кои најмладиот имал 35 години а останатите се во 5-тата деценија од животот се здобиле со тешки телесни повреди. Сите повредените се префрлени во специјалната болница „Св.Еразмо“ ,а еден од нив поради сериозноста на повредите е пренесен во скопскиот клинички центар.Повреди има и возачот на товарно моторно возило марка „Мерцедес“,кој бил во алкохолизирана состојба.

  • Одредени учесници во сообраќајот и понатаму не го почитуваат основните правила и прописи во сообраќајот,флагрантно ги кршат одредбите на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и покажуваат елементарно непочитување на правилата за безбедно управување и движење во сообраќајот.-Изјава Стефан Димоски-портпатол на СВР Охрид.

На оваа делница во изминатиов период случени се повеќе сообраќајните несреќи во кои има жртви.

  • Основна причина за случените сообраќајни незгоди е во делот на непочитување на сообраќајните правила и прописи,пречекорување на дозволената брзина на движење на коловозот и управување под дејство на  алкохол,како и претекнување на недозволени места.-Изјава Стефан Димоски-портпатол на СВР Охрид.

Поради несреќата утринава сообраќајот на магистралниот пат беше запрен во двата правци и пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција а врз товарното возило ќе се врши вонреден технички преглед и  вештачење.

 Росица Голабоска