Европското досие на Македонија ќе го разгледува шведската министерка Росвал

Министерката за ЕУ и нордиска соработка, Јесика Росвал денеска е во работна посета на Македонија во чии рамки одржа неколку средби со државно владиниот врв. Без изјави за медиумите кои преку соопштенија се информираат за разговорите кои таа ги води со нејзините домаќини. Росвал најпрвин се сретна со вицепремиерот Бојан Маричиќ, а потоа и со претседателот Стево Пендаровски.
На средбата со Маричиќ таа посочила оти Шведска ќе продолжи да ја поддржува земјава на нејзиниот евроинтеграциски пат, но дека на нас е да ги спроведеме домашните задачи и обврски што произлегуваат од преговарачката рамка, со заеднички консензус околу прашањето за европската перспектива на земјата
На средбата со Пендаровски, таа порачала дека Македонија треба да го искористи политичкиот моментум за проширување на Европската Унија и да направи нов исчекор кон неа оти е потребно да се задржи на европскиот пат. Од кабинетот на Пендаровски велат дека биле разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.
Пендаровски изразил благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од кралството шведска за македонските евроинтеграции, истакнувајќи дека пристапните преговори на македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот.