Европските „тешкаши„ го повторуваат сценариото од договорот од Преспа, за да го продадат и францускиот предлог

По ист терк ама со други во главните улоги. Тогаш Меркел, Столтенберг, Курц, сега Вархеји, Шолц, Мишел , Срацин , се повторува сценариото на Преспанскиот договор кога Република Македонија беше прекрстена, а сега повторно доведена до амбисот со француското решение. Европските тешкаши со исто сценарио во дипломатска офанзива да убедат дека друг избор немаме. Македонските власти се плашат да кажат која е вистинската цел на ваквите ненајавени посети, па гледале само пријателски намери и силна поддршка за интеграциите.

Како и во случајот кога требаше да се потпише договорот во Нивици, само неколку дена по посетата на европските челници, работата беше завршена. И сега само неколку дена по посетата на првите луѓе на европските институции, се крои план како набрзина да му се соопшти на македонскиот народ дека француското компромисно решение е веќе прифатено.

И тогаш и сега, ветувањата се исти – Македонија ќе почне преговори со ЕУ. Ако таквте уверувања од пред четири години пропадна во вода, се позвесно е дека и доколку се отворат пристапните преговори сега, членството ни од далеку нема да биде брзо.

Ако во 2018-та во брза постапка се заврши со преименување на Република Македонија и народот беше ставен пред свршен чин, сега по објавувањето на францускиот предлог кој ги содржи сите бугарски ултиматуми и целосно се погазени македонските национални интереси, се случува народ по улиците. Македонските граѓани од сите профили, гласно изразуваат незадоволство за новото национално предавство  кое и се спрема на Македонија.

Ивана Соколовиќ Најдова