Европската Унија се подалеку – висат и претпристапните преговори

Не датум за почнување преговори во јуни ами одлука за можно започнување на претпристапен период –власта е веќе подготвена за ладниот туш од Брисел. Вицепремиерот Бујар Османи претставувајќи ги деновите на Европската Унија се обиде да порача дека во следните 20 дена ќе живееме во духот на европските вредности, индиректно потврдувајќи ја несигурноста дека можно е земјава да добие уште еден извештај без никаков датум.

Во петок Османи ќе го има последното свое обраќање во ЕК до добивањето на извештајот, односно ќе ги убедува европските челници дека е исполнето е што беше поставено како задачи.

Инаку ниту соседите во регионот не се оптимисти дека земјава би обезбедила членство во големото семејство до 2025година. Единствен позитивен сигнал очекуваат за Црна Гора, а за Македонија ќе речат дека се позитивен пример за добрите односи. Сепак српските експерти најавуваат дека земјава ќе мора да потпише Спогодба и со Србија за заеднички настап за европска перспектива.

Ниту Хрватите не гледаат брз влез на земјава во ЕУ. И покрај сите предизвици со кои се соочи Македонија и промената на уставното име, можно започнување на преговори се можни дури по шест години.

Неодамна на Самитот во Берлин и францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел му порачаа на премиерот Заев дека земјите од Западен Балкан нема зошто да се надеваат на брз влез во ЕУ бидејќи ќе мораат прво да ги средат внатрешните проблеми. И Претседателот на ЕК Јункер веќе јасно порача дека проширување на Унијата е можно по 2025-та. Од 2005-та Македонија  е со статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Ивана Соколовиќ Најдова