Европа поддршка за помало индустриско загадување

Македонија ќе добие финансии и знаење од прва рака од членките на Eвропската Унија и нивните експерти за екологија, со цел справување со индустриското загадување. Министерството за животна средина ќе биде домаќин на најмалку 15 стручни лица од Грција и Словачка, кои ќе се обидат да ни помогнат при усогласување на нашето законодавство со европските директиви при издавањето еколошки дозволи и капацитетите за процена на влијанијата во животната средина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста