„Европанорама 2019“ во Гостивар и Скопје – фестивал за љубителите на кратки филмови

Европанорама 2019, патувачкиот филмски фестивал од Љубљана, доаѓа и во Македонија со организирани проекции во Скопје и Гостивар.

Публиката ќе може да види избор од најновите европски и скандинавски кратки филмови од различни стилови и пристапи (анимирани, фикција, документарни) од млади европски режисери.

Во Скопје, Европанорама ќе се одржи од 19 до 21 март во Кинотека на Македонија, а гостиварската публика ќе ја има можноста за уживање во филмскиот фестивал на 22 и 23 март во Центарот за култура АСНОМ.

Во рамките на овогодинешниот проект на Европанорама 2019 ќе се одржи и проектот ЗУМ Германија, односно публиката ќе има можност да проследи и четиринаесет кратки германски филмови.

Влезот на проекциите е слободен.

Фестивалот Европанорама претходно беше прикажан во Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта, а по прикажувањето во Скопје и Гостивар, продолжува за Минск, Подгорица, Трст и други градови.

Европанорама 2019 гостува во Скопје и Гостивар со поддршка на The Nordic, Европската делегација во Македонија, Гете институтот во соработка со Кинотека на Македонија и Центар за култура АСНОМ, Гостивар. Организацијата на фестивалот е на Ljubljana short film festival, Transit Film Bazaar, Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и локални соработници.

Повеќе информации можат да се добијат на фејсбук настанот посветен на Европанорама 2019.