Еврокомесарот Хан со жестоки напади кон македонската опозиција

Еврокомесарот Хан со жестоки напади кон македонската опозиција. Директно ја критикува и обвинува за недемократско однесување, деструктивни ставови и недостаток на демократска зрелост. Во интервјуто за австриски “Стандард”, Хан вели дека имал информации за закани против оние пратеници од опозицијата  кои сакале да ја напуштат партиската линија и да ја поддржат Владата во парламентот за гласање на уставните измени.

– Ова е неприфатливо за партија која се декларира како проевропска и демократска, ако не се искористи шансата можеби ќе биде изгубена засекогаш, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосно одговорна за таквото сценарио. Евроатлантската интеграција, која сега конечно преку решението на спорот за името е на дофат, е наведена како цел и на ВМРО-ДПМНЕ. Но во таков случај мора да дејствуваат соодветно и да овозможат реализација на договорот. Се друго е неверодостојно, вели Хан.

Еврокомесарот го повтори ставот дека референдумот бил само консултативен а она што се броело била огромната поддршка од граѓаните. Сите велат дека сакаат во ЕУ и НАТО и затоа мора да се плати цената со овој договор.  – кажа пред неколку денови Хан. На прашање како да се обезбеди мнозинство , Хан одговори – „со комбинација на Балкан и рационалност.

И додека Македонија стои пред одлука на Собранието за промена на Уставот, лидерот на грчката опозиција , Мицотакис повтори дека Нова демократија, нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во сегашниот, ниту доколку остане за следниот парламент.

– Ако овој договор уставно не се ратификува од соседната земја, ако соседната земја не го смени Уставот, тогаш сметам дека во суштина почнуваме од нула. Сметам дека нема да постои договор, што значи дека ќе ги почнеме преговорите од почеток. Доколку договорот, пак, се ратификува од соседната земја, нашата позиција не се менува, вели лидерот на Нова Демократија

Мицотакис веќе некое време изјавува дека кога ќе дојде време Нова Демократија ќе ги искористила сите средства што им биле на располагање за да се спречи ратификација на Договорот од Преспа. Вчера поранешниот грчки премиер, и пратеник на „Нова Демократија“ Андонис Самарас кажа пак доколку успее  спроведувањто на Преспанскиот договор тоа не било  гаранција дека Македонија ќе биде поштедена од идни блокади од страна на Грција.