„ЕВН“ влезе во Слупчане со гаранции од Бектеши и градоначалникот на Липково Арифи

Македонија почнува да наликува на див запад. Како поинаку да се толкува она што од синоќа се случува во слупчане чии жители со палење гуми го блокираа патот за екипите на евн кои биле спречени да интервенираат по дефект поради кражба на струја. Тензиите се на максимум откако жители на липковското село вчера се обиделе сами да ја приклучат струјата која им била исклучена во текот на денот, поради што направиле голема штета на системот и оставиле без струја уште неколку околни села. Мештаните на Слупчане и денеска не дозволуваа операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски и да постави системи за точно мерење на електричната енергија. Но според последните информации, влезот им бил дозволен откако бил постигнат договор со посредство на високи функционери од централната и локална власт во Липково, односно минситерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

  • Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на ‘електродистрибуција’ да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија“, соопшти ЕВН.

Од синоќа, струја немаат ни селата Оризаре, Ваксинце и Лојане. Пред речиси еден месец, исто така имаше блокади на влезот на селото. Според евн, вкупните годишни загуби поради кражби во село слупчане изнесуваат над милион евра. 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.

Со проблеми со кражби на струја и наплата екипите на евн се соочуваа и во скопско Арачиново. Проблемот таму е надминат и се работи на модернизација на мрежата. Пред почнување на проектот за реконструкција минатата година кражбите во Арачиново изнесуваа 80%. Сега се очекува тие да се сведат на околу 10%.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста