Дуќанџиите од ГТЦ утре на протест пред Влада, бараат еднакви услови за сите

Дуќанџиите од Градскиот Трговски Центар утре напладне, пред Влада, ќе протестираат поради, како што велат „бројните проблеми што се натрупуваат поради недомаќинското управување“ на раководството на ова Акционерско друштво кое управува со 600 различни сопственици на деловни простории. Од менаџментот тврдат работеле според Закон.

Времено затворените дуќани во Градскиот Трговски Центар да плаќаат само такса за одржување и да се исклучат од системот за греење и ладење, а ГТЦ за сопствениот деловен простор, да плаќа исти давачки како што плаќаат сите други сопственици. Ова се барањата на дуќанџиите од Трговскиот кои утре напладне излегуваат на улица.
Лошата и недомаќинска работа е само дел од сегментот што излегуваме да си ги бараме своите права, велат дел од дуќанџиите, бараат еднов пристап до сите.
Дуќанџиите се револтирани зашто се соочуваат со, како што велат еден куп проблеми поради недомаќинското управување на раководството на акционерското друштво кое управува со 600 различни сопственици на деловни простории.

- Сите барања се во согласност со постоечката законска регулатива и заклучоците на Републичката комисија за енергетика, Регулаторната комисија за домување и Министерството за транспорт и врски, велат од здружението. Бараме директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ, договори за водоснабдување со питка вода со лиценциран снабдувач, времено затворените дуќани да плаќаат елементарна такса за одржување и да се исклучат од системот за греење/ладење и климатизација, АД ГТЦ за деловниот простор што го има во сопственост да плаќа исти давачки како што плаќаат сите други сопственици (грееење, ладење, климатизација, електрична енергија, вода,комунален отпад, одржување, вели меѓу другото за Алфа, Емил Јосковски, Претседател на Здружение на дуќанџии при ГТЦ
Од менаџментот на ГТЦ за Алфа ги отфрлаат овие обвинувања од страна на дуќанџиите, велат дека работат според Закон, и трошоците се делат според потпишаните договори.

- Градскиот Трговски Центар сега не поседува лиценца струја и за парно, односно за енергија, да, а зошто? Зашто не треба. Таа ќе ја добие и ќе ја поседува кога ГТЦ ќе стане затворен систем, до тогаш, се си работи како што треба, вели меѓу другото за Алаф Ѓоко Трајчевски, Генералниот директор на ГТЦ.
Инаку, според последниот договор што го потпиша ГТЦ со ЕСМ за продажба на струја, од ноември лани, годишната набавка на електрична енергија е двојно помала, односно од 12.779 мегават-часа е пандта на 6.359. Тоа е периодот кога беше откриено копање биткоини во подрумските простории на ГТЦ од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам. Директорот на ГТЦ најави тужби за фитмата која вршела злоупотреба.

- Семејството Бајрам, за магацинот, учествуваа на јавен оглас. Секој може да аплицира за добивање на простории, и ако ги исполни условите ќе добие. Фирмата на семејството Бајрам беше заинтересирана учествуваше и направила што направила, ќе си одговара секој што го прекршил Законот, рече Трајчевски за Алфа.
Инаку за 4 години, колку што се претпоставува дека траело „копањето“ на криптовалутите, трошоците за струја надминале 800.000 евра.
Случајно или не, токму лани во ноември се откри скандалот со „копањето“ криптовалути во магацинскиот простор на ГТЦ од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам, советник во Град Скопје од партијата на Ромите, коалициски партнер на владеачката СДСМ.

Но затоа цената на струјата која им се наплаќа на дуќанџиите редовно е за најмалку 250% поголема од набавната цена. Во времето на „копањето“ биткоини таа разлика одела и до 500%. Ваквото префактурирање е недозволиво и со Законот за енергетика.
Борис Грујоски