ДУИ „исчисти“ уште еден од фракционерите кои се дел од власта

Мерењето на силите во ДУИ не престанува, фракцијата и партијата во уште подлабок раскол. ДУИ, еден по еден ги разрешува фракционерите од државните функции. На ред дојде и последниот функционер од гостиварскиот огранок, поточно државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи.

Во објавата за своето разрешување Ејупи вели дека е разрешен зашто „јавно поддржувал различно мислење во ДУИ“ и најавува дека останува дел од „фракцијата“.

Во оваа прилика сакам да ве информирам дека од вчера повеќе не ја вршам функцијата државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и тука вреди да се нагласи дека единствена причина поради која сум разрешен од оваа функција е јавната поддршка за различното мислење во партијата. Ниту една форма на политички реперкусии нема да ме спречи да го искажам слободното мислење и да поддржувам мислења за кои сметам дека се од полза за општеството, вели Ресми Ејупи – фракција ДУИ.

Со разрешувањето на Ејупи и претходно на Башким Хасани, еден од најголемите ограноци на ДУИ, како што е гостиварскиот огранок, останува без ниту еден претставник на ниво на трите владини ешалони, што се случува за прв пат од формирањето на ДУИ, нагласуваат од фракцијата.

По последното претседателство во Мала Речица, фракцијата не задоволна замина порано од состанокот и официјално започнаа да функционираат како фракција во партијата, на што од ДУИ реагираа дека фракции не се дозволени.

Дали им се одбројани деновите во фракционерите во партијата е отворено прашање, но судејќи според последната изјава на генералниот секретар на интегративците Фатон Ахмети кој рече дека врз основа на статут тие не го признаваат начинот на фракционирање во ДУИ. Оти додека статутот бил главниот елемент што дефинира како требло да се однесуваат во партијата.

Advertisements